Македонија
8. December 2018 - 10:40

Времето сончево, попладне дожд

На повисоките места низ Македонија ќе имаме снег а на пониските сончево и повремени врнежи на дожд. 
 
Најниската утринска температура според најавите ќе достигне минус седум степени, додека дневната ќе достигне максимални 14 степени.
 
Слаби врнежи се можни и во Скопје  оваа сабота а девет степени ќе достигне максималната температура.
 
Вториот ден од викендов времето ќе биде претежно сончево.
 
Вечерта во неделата временската прогноза ќе донесе нови врнежи кои во понеделник е можно на некои места да преминуваат во снег. Снежна покривка ќе ги забелее планините.
 
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со умерена облачност, а попладне со повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.