Времето денес претпладне облачно и студено, попладне сончево
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно и студено, по одделни котлини со значителна ниска облачност. Попладне претежно сончево. Претпладне ќе дува слаб северен, а попладне слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, како што најавија од УХМР, времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне сончево. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне четири степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. И во сабота изутрина ќе биде студено, а потоа температурите ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер.
Локални врнежи од дожд и снег, според најавите, ќе има во сабота во текот на ноќта во западните делови и во понеделник кон крајот на денот.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
