Фудбал
13. September 2026 - 20:57

Силекс и Брегалница ремизираа

Во претпоследниот натпревар од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Силекс и Брегалница одиграа попладнево во Кратово нерешено 2-2 (1-0).

Силекс влезе во натпреварот со амбиција да ја извојува првата победа по серијата од три порази, но иако имаше водство на полувреме, на крајот спасуваше бод.

Домашниот тим дојде во водство со автоголот на Хаџи – Кимов во 7. минута, а Стојанов (49) и Лоренцо (67) донесоа целосен резултатски пресврт во продолжението.

Брегалница ја одржуваше предноста до самиот финиш кога Мишов во 82. минута го постави конечниот резултат.

Прволигашкото коло утре ќе го комплетираат Шкендија Арачиново и Скопје.

ПМФЛ – 7 коло:

Силекс – Брегалница 2-2

Башкими – Вардар 3-3 (сабота)

Арсими – Шкендија Тетово 2-2 (петок0

Тиквеш – Струга 2-2 (петок)

Шкендија Арачиново – Скопје (понеделник)

Табела: Шкендија 16, Струга 14, Тиквеш 12, Вардар 11, Шкендија Арачиново 10 (-1), Арсими 8, Силекс 8, Брегалница 7, Скопје 3 (-1), Башкими 4.