Временска прогноза до крајот на февруари
Оваа година веројатно нема да имаме зима, барем ако може да им се верува на долгорочните прогнози. Најавите на синоптичарите се дека температурите ќе бидат над просекот а врнежи од снег на пониските места воопшто и нема да има. Температурите, барем во Скопје, ретко ќе одат пониско од минус 5 степени а во текот на денот често ќе имаме температури околу 7 до 8 степени.
Во поглед на врнежите, она што остана од јануари ќе помине во релативно влажно време. Речи си секоја недела ќе има услови за врнежи од дожд кои можеби ќе прејдат кон снег, но тоа нема да креира никаква снежна покривка.
Вакви услови според долгорочните прогнози ќе има кон крајот на овој месец. Некои поголеми промени нема да има ни во првата половина од февруари. Разликата е што некаде кон средината на месецот дневните температури може да достигнат и двоцифрена вредност а од време на време ќе го гледаме и сонцето.
Во поглед на врнежите во првата половина на февруари не се очекува некоја поголема влажност но во последните две недели ќе има услови за послаби врнежи од дожд кои на некои места може да преминат во слаби снежни врнежи.
Се она што не го видовме во јануари и февруари ќе има услови да го видиме во март. За овој месец долгорочните прогнози покажуваат зголемена влажност со услови за поинтензивни врнежи од снег кои нема да може да се задржат поради високите дневни температури кои во одредени денови од март ќе доаѓаат и до 15 степени. Со тоа, врнежите од снег ќе преминуваат во дожд па се очекува да врне речи си повеќе од половина месец.
Ново на Сител
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување