„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
Нови сведоци на денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски.
Прва братучетка на мајката на Вања раскажа дека во времето додека траела потрагата по Вања таа била во нивниот дом за да и даде поддршка на мајката Зорица. „Од вторникот бев во домот на Зорица.
Гледавме снимки со таткото на Вања и тогаш констатиравме дека Вања е земена од пред зграда, бидејќи не се гледаше како излегува. Потоа во следните денови дојде и пријател на Александар, Гоце, и тој ги гледаше снимките. Во еден момент дојде во дневна, рече го видовме возилото „цитроен” што се бара, а и некој човек. Рече да не е некој педофил, па да ја грабнал. Таткото Александар беше вознемирен, излегуваше, влегуваше, бараше.
Цело време на Зорица и велеше не се секирај, ќе ја најдам. Јас немав многу комуникација со него. Само ми рече да пратам порака на Илон Маск да ја најде преку сателит, што ми беше чудно, како јас него да го најдам“, кажа Маја Спироска.
Била известена и дека Александар испратил порака во родителската вибер група, а потоа ја избришал. Не ја видов пораката, но ми кажаа дека напишал, „Вратете го детето ќе ви дадам пари“, додава братучетката на Зорица.
Ново на Сител
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп