Врачени дипломите студентите на ФИНКИ
Факултетот за информатички науки и инженерство (ФИНКИ) денеска организираше свеченост на која беа врачени дипломи на сите дипломирани и магистрирани студенти од 2016 година, како и награди и пофалници за најдобрите студенти. Станува збор за бројка од 212 дипломци односно магистри, како и 40 најдобри студенти на ФИНКИ кои имаат просек над 9,5.
Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, која им ги додели наградите на најдобрите студенти, истакна дека постои голем интерес кај компаниите да ги ангажираат студентите на пракса додека сѐ уште се на студии, а потоа и да ја продолжат работата во истите компании.
- Многу сум задоволна од квалитетот на кадрите што ги продуцира ФИНКИ, што се потврдува во контактите и разговорите со сопствениците на странските и домашните компании, рече Арсовска Томовска, изразувајќи задоволство од долгогодишната одлична соработка меѓу МИОА и овој факултет.
Деканот на ФИНКИ Иван Чорбев рече дека министерката препознавајќи ги потенцијалите на ФИНКИ со силна лична и со поддршка и на МОН, Факултетот е избран за седиште на исклучително важен интегриран податочен центар, кој се реализира како донација на НР Кина и кој ќе биде главен стожер за идните проекти за унапредени дигитални образовни процеси во државата.
Свеченоста беше организирана по повод шестиот роденден на ФИНКИ, кој беше основан во 2011 година во рамките на УКИМ и е меѓу најголемите факултети за информатичка технологија (ИТ) во регионот.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење