Македонија
9. February 2024 - 16:41

Вработените во УКИМ: Средба со Џафери за три дена, или протести и штрајк

Колективниот договор потпишан во декември 2022, а кој требаше да применуван од стартот на годината, ги разбесни професорите на УКИМ. На нивните сметки месецов нема зголемување на платите, па ректоратот, деканите и професорите решија да го кренат гласот.

На премиерот Џафери му поставија услов, ако не ги викне за три дена на средба за да им објасни зошто не се применувал Колективниот договор, ќе излезат на протест.

„Имаме ситуација, Талат против Џафери. Се крши демократското раво“

Според синдикалците, државата не обезбедила средства во буџетот за примена на обврските од Колективниот договор, првично потпишан од актуелниот технички премиер, а во тоа време претседател на Собрание. Надлежните не предвиделе пари за зголемување на платите, со изговор дека договоорот не бил регистриран во министерството за труд и социјална политика.

„Тужба од 3 милиони евра, ќе ја плаќаат граѓаните. Одиме и на протести, ако не се слуша гласот одиме и на штрајк ’

Од Кабинетот на техничкиот премиер денеска не одговорија на прашањата на Сител, што планира Џафери да преземе за ситуацијата.

Инаку, на Колективниот договор меѓу Синдикатот и тогашниот претседател на Собранието, претходеше двегодишна борба за зголемување на платите на професорите на факултетите на УКИМ. По ставањето на потписи во декември 2022година, универзитетските професори од почетокот на годината требаше да имаат значително зголемување на платите.