Македонија
18. October 2019 - 16:51

Вработен во фарбика со тешки повреди донесен во Градска болница

Маж се здобил со тешки телесни повреди на своето работно место во фабрика, информира МВР.

„Вчера во 15:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски’’ со тешки телесни повреди бил донесен 45-годишниот А.Т. од Скопје. Според пријавеното, тој се повредил додека работел со рачен вилушкар во фабрика каде бил вработен. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.

Ново на Сител