Свет
2. October 2016 - 10:48

Вознемирувачко видео од експлозијата во кафуле во Малага

77 лица се повредени при експлозија во кафуле во крајбрежниот шпански град Малага, пренесе “Руптли”. Причината за експлозијата е истекување на гас.
 
Во болниците на Малага има примено повеќе од 70 лица, повредени во експлозијата.
 
Дваесет од нив биле пуштени по укажувањето на медицинска помош, а петмина се во тешка состојба.