Свет
11. February 2016 - 12:10

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Нова снимка од ИД, 4 годишно момче разнесува тројца заложници

Четири годишно момче од Британија кого го нарекуваат „јуниор џихад“ се појавува во најновото видео објавено од Исламската држава каде детето убива тројца заложници.

Во видео снимката која ги преминува и границите на стандардот на Исламската држава, момчето Иса Даре е облечено во препознатливата унифрома на ИД и стиска копче со кое се активира бомба која разнесува тројца наводни шпиони, затворени во автомобил.

Мајката на момчето, Британката Грејс „Кади“ Даре се заколна на верност кон џихадистите и се придружи на оваа терористичка организација.

isa-id1

Момчето во видеото вели дека ќе ги убие сите неверници, а по експлозијата на автомобилот победнички извикува „Алах акбар“.

isa-id2

Пред погубувањето, мажите облечени во портокалови униформи со лисици на рацете, ги признаваат своите злодела пред камерата.

id-zaloznici1

id-zaloznici

Во најновата снимка се појавува и маскиран човек кој му се закани на Дејвид Камерон поради поддршката која ја дава на вооружени групи кои се борат против џихадистите во Сирија.

-Никогаш нема да не победите. Прво прати шпиони во Сирија, и како второ им овозможи на твоите луѓе да ги убиваат нашите браќа кои живеат на Запад. Затоа ние денес ќе ги убиеме твоите шпиони, исто како што се убиени нашите браќа. Подготви ја војската и собери го народот, бидејќи нашата војска е спремна, се заканува непознатиот маж.