-->
-->
Воведени две дополнителни редовни автобуски линии на ЈСП – Скопје
-->

Советот на Град Скопје на денешната 13-та седница донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, со која се воведуваат две нови редовни автобуски линии.
Како што соопштија градските власти, првата автобуска линија, со број 29, ќе се движи од Карпош 3, кај Сити Мол, до Жданец, а ќе се движи по улиците „Жданец“, „Трнодол“, „Козле“, „8-ми Септември“, булеварот „Партизански Одреди“ и Карпош 3, Сити Мол, и обратно.
Втората автобуска линија е со број 50А, која ќе сообраќа од населбата Хиподром 2 до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Автобусите на новата линија ќе се движи по улиците 1646 и „Благоја Стефковски“, булеварите „Александар Македонски“, „Крсте Петков Мисирков“, „Гоце Делчев“, улиците „Филип Втори Македонски“, „Димитрие Чуповски“, булеварите „Св. Климент Охридски“ и „Мајка Тереза“ и обратно.
Од Градот Скопје посочуваат дека покрај двете нови линии, се врши и промена на возниот ред на линијата број 60, како и промена на возниот ред на линијата број 50 со цел усогласување со возниот ред на новата редовна линија 50А.
-Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје се носи врз основа на барања на корисниците на јавниот превоз, а истите врз основа на податоци од снимања на линиите и анализирање на податоци од системот за АВЛ и SMART TIKETING, се наведува во соопштението на Градот Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Физички напад со ладно оружје и гасен пиштол: Татко и двајца синови осомничени за насилство во Бутел
-

Иран најави комеморација за ајатолахот Хамнеи 40 дена по неговото убиство
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
