Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР

Во текот на вчерашниот ден (07.04.2026), во периодот од 11:00 до 17:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на подрачјето на општините Куманово, Илинден, Бутел и Кисела Вода, спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, со посебен акцент на контрола на учесници во сообраќајот кои управуваат мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.
При контролата изречени се три мерки на возачи на мотоцикли кои немаат соодветна категорија во возачката дозвола, 14 мерки на возачи на мотоцикли кои не користат заштитен шлем, а пет возачи се санкционирани за останати сообраќајни прекршоци.
Пет лица се лишени од слобода од кои еден малолетник за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно пред да се стекне со право за управување со моторно возило.
По целосно документирање на случаите, за сите сторители ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави согласно Законот.
Акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
-

Тројца актуелни или поранешни директори на ЈЗУ вратиле по 500 илјади денари што ги земале врз основа на неправилна пресметка на плата
-

Евростат: Дизелот во ЕУ во март поскапе речиси 20 отсто
-

Зголемен број на деца со респираторни инфекции во Куманово, дневно по околу 80 прегледи
