Македонија
18. December 2017 - 10:30

Вонредна временска прогноза: Врне снег низ Македонија, ќе продолжи и утре

Снежна покривка до изутрина (во см.): 1 Тополчани, 2 Тетово, 6 Крушево, 7 Лазарополе, 8 Пожаране, 9 Маврови Анови, 10 Дебар.

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 1 Скопје, 3 Претор, 4 Д. Капија, К. Паланка, Битола, 5 Гевгелија, Охрид, Струмица, Штип, Дојран, 6 Прилеп, Тополчани, 7 Пожаране, Берово, Виница, 8 Крушево, 9 Дебар, 11 Маврово.

Времето денес (18.12 2017 год.): Променливо облачно и постудено со локален слаб снег, особено во западните делови. Ќе дува умерен северен ветер, долж Повардарието повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени. 

Во Скопје температура до 4 °C.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, ќе има и повремено провејување на снег, особено во североисточните делови на земјава.Ќе дува умерен до засилен северен ветер, долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Потоа следува период на суво и студено време со ниски утрински и дневни температури.