Вонредна прогноза: Доаѓа силно невреме - подгответе се!
Во следните 30-тина часови атмосферата низ целиот регион поточно во соседна Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија ќе биде многу нестабилна и исполнета со енергија и тоа поради студениот фронт кој се наоѓа над Алпскиот регион и топлиот кој се наоѓа токму над Балканот, смета метеорологот Славчо Попоски.
Во државите кој ги набројавме на многу места ќе има појава на поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Во зоната на големата нестабилност се очекува и ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО на воден талог (ДУРИ НАД 20 – 30 Л/М2 ЗА КРАТКО ВРЕМЕ) и токму поради ова можна е појава и на локални поплавувања.
На граѓаните коi планираат да престојуваат во овие држави име се препорачува да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ и во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја додека пак во случај на силен ветер да внимаваат каде се движат и каде ги ставаат своите автомобили, односно истите да бидат подалеку од дрвјата со цел да не дојде до некоја штета.
Овчарите во случај на појава на силни електрични празнења своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.
Ново на Сител
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот
-
Делови од Центар и Гази Баба утре без вода
-
Кикбоксерите пример за промоција на крводарувањето во Македонија
-
Успешна кикбокс завршница на ВАКО светскиот кикбокс куп “Италија 2025”