Вучиќ на Соборот на СПЦ ги изнесол своите грижи, а Иринеј со став дека тој херојски се бори

По синоќешните разговори на српскиот претседател Александар Вучиќ на седницата на Соборот на СПЦ во Белград, тој на новинарите им изјави дека „говорел отворено за се она што го загрижува“, а патријархот Иринеј „добро го разбрал“.
-Патријархот одлично ме разбра, како што јас ја разбирам неговата загриженост и неговите проблеми, дека некој мора да донесува и не лесни, би рекол, тешки овоземни одлуки … наше е да продолжиме да се бориме, да го извлечеме максимумот, да не прифатиме уцени и да не го даваме она што ниту е наше право, ниту пак можеме да му го дадеме на било кого, истакна Вучиќ.
Црквата има право на свои ставови, иако тие понекогаш не се исти како и нашите, важно е да ги слушнеме, бидејќи Црквата го помага нашиот народ каде и да е загрозен, дури и во Косово и Метохија, нагласи Вучиќ, додавајќи дека владиците на Соборот го информирале за нивните грижи и за различните ставови за одредени прашања.
-И тоа е единственото нешто што можам да го кажам, констатираше Вучиќ.
Патријархот Иринеј по состанокот на Соборот на СПЦ со претседателот Вучиќ, изјави дека сите гледаат како Вучиќ „херојски се бори за државата, народот и за Косово“, и дека тоа е негов и воедно став на целиот Собор на СПЦ.
-Она што сите го гледаме, е дека нашиот претседател херојски се бори за државата, луѓето и за Косово, оцени патријархот Иринеј, тврдејќи дека нема сомнеж во неговите добри намери и работата.
Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, кој исто така учествуваше на состанокот во Патријаршијата на СПЦ, рече дека поделбата околу националните прашања ќе ги намали шансите за изнаоѓање добро решение за Косово.
Политичкиот аналитичар Цвијетин Миливојевиќ, по повод присуството на претседателот Вучиќ на црковниот Собор на СПЦ, оцени за ТВ Н1 дека би било посоодветно претседателот да се појавеше во српскиот Парламент.
-Како што знаете, темата Косово во Парламентот беше на дневен ред само еднаш откако коалицијата на СНС и СПС е на власт, а тоа беше веднаш по Бриселскиот договор, пред шест години, изјави аналитичарот Мијатовиќ, кој е познат во Србија како критичар на власта.
Ново на Сител
-

Трамп: Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес
-

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите
-

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме
-

84-годишник со закана изнудил 5000 евра од негова роднина, па прекинал комуникации со неа
-

76-годишен тетовец починал откако избил пожар во неговиот стан
-

Димитриеска-Кочоска: Не се размислува за укинување на „Мој ДДВ“, исплата на солидарниот данок од март
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

На демонстрантите во Иран ќе им се суди како на непријатели на Бог
