Вонредна дератизација на критични локации во Центар

Општина Центар – Скопје денеска и утре спроведува вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината, поради зголемена појава на глодари. Со акцијата, како што соопштуваат од општината, ќе бидат опфатени локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале, каде што е забележана зголемена појава на глодари и каде што има пријави од граѓаните.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека општинските служби реагираат на пријавите и дека состојбата на терен ќе продолжи да се следи.
„По пријавите од граѓаните веднаш преземаме мерки и спроведуваме вонредна дератизација на локациите каде што е забележана зголемена појава на глодари. Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и ќе реагираме секаде каде што ќе има потреба. Ги повикувам граѓаните да ги пријавуваат ваквите појави за да можеме навремено да постапуваме“, изјави Герасимовски.
Вонредната дератизација ќе се спроведе на следните локации: Капиштец – ул. „Загребска“ бр. 28, спроти Биотек (поранешно КТК), кај контејнерите, Дебар Маало – ул. „Радњанска“, кај контејнерите, просторот околу Пазарот Буњаковец и дел од ул. „Рузвелтова“, кај Буњаковец – ул. „Борка Талески“, од ООУ „Ј. Х. Песталоци“ до Грчката амбасада, како и крстосницата на ул. „Стефан Јакимов Дедов“ со ул. „Апостол Гусларот“, вклучително и шахтите околу запуштениот објект до ООУ „Ј. Х. Песталоци“, Катната гаража и бараките на ЈП „Комунална хигиена“ како и на Кале – ул. „Лазар Личеноски“, во близина на Спортска медицина и Царинската управа.
Од Општина Центар апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење на наведените локации во периодот додека трае акцијата и да не ги поместуваат или оштетуваат поставените средства за дератизација.
-Општина Центар ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и да презема мерки за одржување на чиста, безбедна и здрава животна средина за граѓаните, наведуваат од Одделението за односи со јавност на скопската Општина Центар.
МИА
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
