Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани само шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата со западнонилската треска стивнува за што говорат податоците дека во последните две недели има по два нови случаи, а и на Клиниката за инфективни болести моментално се хоспитализирани шест пациенти од кои само двајца се во потешка состојба.
- Сметам дека епидемијата стивнува бидејќи последните две недели имаме по два нови случаи. Значи оваа недела после објавувањето на извештајот од Институтот за јавно здравје, во понедленик ќе имаме два нови суспектни случаи. Дека се смирува ситуацијата говори и фактот дека во моментот на Клиниката за инфективни болести имаме само шест хоспитализирани лица, изјави Клековски во однос на извештајот на ИЈЗ за период до 8 септември во кој се наведува дека е регистриран и случај во Свети Николе.
Смирувањето на ситуацијата, според Клековски, не е поврзано со заладувањето бидејќи новите случаи се пред три до 14 дена заразени.
- Мислам дека постапувањето по индикации влијаеше и е постигнато тоа што го очекувавме. Сепак, точни закономерности не постојат во оваа епидемија. Имаме три пронајдени мртви гаврани со вирусот во општини каде нема регистрирано случаи на западнонилска треска (два во општина Карпош и еден во Ресен), посочи Клековски.
На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се вкупно шест пациенти од кои само двајца се со потешка клиничка слика. Се работи за пациенти кои подолг период се хоспитализирани.
- Тие подолго време се на Клиниката, интубирани се и се на респираторна поддршка. Останатите четворица се во стабилна состојба и се на Одделот на невроинфекции. Двајца се водат како суспектни бидејќи се понови, а кај другите двајца при крај е процесот на опоравување и наскоро ќе бидат отпуштени од болница, изјави директорот на Инфективната клиника Фадил Цана.
МИА
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
