Волонтерска акција „Млади, јавни простори и мурали“ во Велес
Во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско општество „Млади, јавни простори и мурали“, а во соработка со Младинскиот образовен форум и уште неколку невладини организации, денеска во Велес започна дводневна младинска волонтерска акција - цртање мурали на јавно прометни површини во градот.
Во тие рамки младите од Велес денска цртаа мурали на локацијата во Младински парк и преминот тунел кај Мал мост во новиот дел на Велес.
Како што појасни за медиумите Александра Алексовска претставник од неформалната група, целта на оваа акција е активирање на младите во начинот на користење на јавните површини во позитивни цели и урбанизација на градот, како и промовирање на волонтерството и активно вклучување на младите во однос на промени во локалната заедница.
Иницијативата е поттикната самоиницијативно од неформална група на студенти кои во својот град сакаат да започнат со внесување нови идеи за тоа како да ја подигнат јавната свест за практично и креативно искористување на јавните простори во заедницата, информира Алексовска.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење