Волц: Веќе се запрени воздушните напади врз руската и украинската инфраструктура
Советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц изјави дека воздушните напади врз украинската и руската инфраструктура се веќе прекинати.
– Ќе има напредок. Веќе имаме инфраструктурен прекин на огнот кој стапи во сила веднаш по телефонскиот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот лидер Владимир Путин оваа недела, рече Волц во интервју за Фокс њуз.
Советникот на Трамп изјави и дека преговорите на САД со украинската и руската делегација во Саудиска Арабија продолжуваат и дека страните се блиску до склучување мировен договор.
– Се приближуваме и поблиску сме до договор од кога било досега, рече тој.
Волц истакна дека се започнало со разговорите меѓу Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин.
– И сега имаме состаноци на техничките тимови, всушност со Украинците и Русите во ист објект, кои водат индиректни преговори, рече тој.
Според него, на денешните разговори во Саудиска Арабија конкретно ќе се разгледа прашањето за прекин на огнот во Црното Море, „за да можат двете страни да транспортираат жито, гориво и да ја обноват трговијата во Црното Море“.
– А потоа ќе разговараме за деталите во врска со механизмите за верификација на прекинот на огнот, мировна мисија, замрзнувањето на непријателствата на линијата на фронтот што сега постои. И потоа, се разбира, за поширок одржлив мир. Ова може да биде дискусија за размена на територија за траен мир, рече Волц.
Ново на Сител
-
Без струја неколку скопски општини, без вода дел од Кисела Вода
-
Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
Зеленски: Русија го игнорира предлогот на САД за прекин на нападите
-
Трамп соопшти дека е постигнат „голем напредок“ во трговските преговори со Јапонија
-
Најмалку двајца загинати и 28 повредени во руски напад на украинскиот град Днепар
-
Сончево со умерена облачност, нестабилно приквечер и во текот на ноќта
-
Миланов: Контролата на безбедноста на храната е на АХВ, но одговорноста за небезбедна храна е на операторите
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции