Воено аташе на САД: Ја охрабруваме Србија да ја зголеми набавката на воена опрема од Запад

Кори Шеј, военото аташе на американската амбасада во Србија, денеска изјави дека се надева оти воените вежби на Србија со западните партнери ќе продолжат и дека САД ја охрабруваат Србија да ја зголеми набавката на воена опрема од Запад, пренесе Бета.
„Целосно го разбираме мораториумот на вежбите со Руската Федерација во момент на нивната агресија во Украина и се надеваме дека Србија наскоро ќе продолжи со вежбите со западните партнери“, рече Шеј во интервју за Демостат.
Тој оцени дека особено треба да се зголеми набавката на опрема за воздухопловните и ПВО системи. „Потпирањето на Србија на руската и кинеската опрема, особено на полето на авијацијата и противвоздушната одбрана, ги ограничува нашите можности за соработка, бидејќи имате ситуација кога нашата опрема не се совпаѓа со кинеската и руската опрема“, рече Шеј.
Тој додаде дека САД обезбедиле опрема вредна повеќе од 14 милиони долари за работа на Центарот за обука за мировни операции во базата „Југ“, возила од брендот Хамер, опрема за борбена симулација, падобрани, машини за изградба на патишта, опрема за дигитална симулација.
Ново на Сител
-

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
-

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Чекања и до три часа на европските аеродроми поради новиот систем за влез и излез од ЕУ
-

Лишен од слобода скопјанец, пронајден кокаин
-

Трамп менува 30 амбасадори - меѓу нив и Агелер
-

Бела куќа: Од јануари собрани „235 милијарди долари од царини“
-

Руски генерал загина во напад со автомобил-бомба во Москва
