Свет
8. August 2017 - 10:16

Воените бази во САД можат да отвораат оган и кон приватни дронови

Повеќе од 130 воени објекти во САД добија „зелено светло“ од Пентагон во иднина да можат да го соборат секој приватен или комерцијален дрон, што ќе го сметаат за закана.

Портпаролот на Пентагон, морнаричкиот капетан Џеф Дејвис изјави дека повеќе воени родови добиле нови насоки во петокот и оти тоа ќе биде проследено до базите.

- Го задржуваме правото на самоодбрана и кога станува збор за дроновите, што оперираат над воените објекти, овие нови насоки ни даваат можност да преземеме акција за да ја спречиме заканата, рече Дејвис. 

Тој појасни оти тоа подразбира онеспособување, уништување и следење на леталата.