Водостоите високи, излевања кај Јегуновце, Радуша и во Кумановско
Водостоите на реките се уште се високи, укажуваат утринските пдоатоци. Во горниот тек на Вардар на станиците во Јегуновце и Радуша повторно е забележан водостој што укажува на локални излевања возводно и низводно по текот, а последните информации од 11 часот покажуваат вредности од 212cm во Јегуновце и 211cm во Радуша, информираат од УХМР.
Додаваат дека другите информации од станиците покажуваат стагнација или намалувања. Моментално покачување се бележи на водостојот на Брегалница во Штип, кое очекувано е да продолжи во текот на денот и на река Кумановска кај Доброшане. Водостојот на Кумановска ќе продолжи да расте и таму најверојатно има појава на излевања на водите од коритото.
Варијацијата на водостоите, посочуваат од УХМР, ќе продолжи и понатака.
Нивоата на подземните води се во континуиран пораст, во делови од Македонија. Реките се уште се со високи водостои, а има и локални излевања и појава на заезерени површини и тоа главно во делови од горните текови на реките Вардар, Треска, Црна, река Липковска и Кумановска и има и високи водостои на Пчиња, Сатеска, Бабуна и низводно по текот на Вардар, па поради тоа предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците.
Според утринските информации од метеоролошките станици на повеќе места низ Македонија имало врнежи со количини од еден до осум литри на метар квадратен, снежната покривка измерена утрово била во Крушево три cm, Лазарополе осум и Маврово 32 cm, а минималните температурите биле над нула. Топењето на снегот продолжува.
Ново на Сител
-
Истражување: Една од три жени немаат пристап до менструални производи поради високата цена
-
Гаши: Ќе се погрижам да го подигнам нивото на Собранието, да биде во служба на сите граѓани
-
Џафери ќе ја извршува функцијата технички премиер до изборот на новата влада
-
Скопјанец го нападнал градоначалникот на општина Шуто Оризари, полицијата извршила службен разговор со него
-
Сиљановска Давкова: Ќе го почитувам Преспанскиот договор, но го задржувам правото на слобода на изразување
-
Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник
-
Африм Гаши избран за претседател на Собранието
-
Терзиќ: Во еден натпревар можеме да го победиме Реал