Македонија
11. September 2023 - 10:50

Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна

Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.09.2023 до 07.09.2023 земал 154 примероци за физичко-хемиска и 154 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во град Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).