ВО ЖИВО: Судбоносното „да“ денеска ќе го кажат Огнен и Марина на 46-тата Галичка свадба
Судбоносното „да“ денеска ќе го кажат зетот Огнен Караѓозовски и невестата Марина Петровска во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“ како дел од свадбарските обичаи во рамки на традиционалната манифестација „Галичка свадба“.
Културно-туристичката манифестација „Галичка свадба“ започна синоќа со изведување на првите свадбени обичаи, во куќата на зетот каде се накити бајракот, а потоа со три истрели се означи почетокот еден своевиден фестивал на мијачкиот фолклор.
Марина има потекло од Крива Паланка, но одамна е преселена, а Огнен има потекло од едно големо галичко семејство. Тој во повеќе наврати бил вклучен во органзацијата на претходните свадби и учествувал како статист.
Посетителите ќе можат да проследат над 30 обичаи. За успешен тек на манифестацијата се ангажирани стотина статисти облечени во автентични галички носии. Традционалните ора и игри ќе бидат задолжение на триесетина членови на КУД „Фолклорни бисери“. Особено атрактивна е коњицата со коњаниците кои во неколку наврати ќе ги бодињаат коњите по тесните галички сокаци.
За да се одвива сé според сценариото ќе има и техничка поддршка, односно годинава за свадбата работно ќе биде за над 250 луѓе. За време на викендот, во Галичник ќе биде воспоставен и специјален сообраќаен режим, за полесно следење на фестивалот.
Традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“ годинава се одржува три дена од 12 до 14 јули, а покровител на годинешната „Галичка свадба“ е претседателот Стево Пендаровски, кој по татко е галичанец.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден