-->
-->
Во велешкото село Џидимирци втор ден гори нискостеблеста шума
-->
Пожарот кај велешкото село Џидимирци, втор ден е активен, изјавија за МИА, од Регионалниот центар за справување со кризи во Велес
Гори нискостеблеста дабова и друга шума и трева, а на терен со огнената стихија веќе втор ден се борат вработени од ЈП Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес.
Ова село е 27 километри оддалечено од Велес и неговиот атар допира до границите на Општините Свети Николе и Петровец, односно со Овчеполието и Скопската котлина. Во атарот на селото преовладуваат шумите кои се затапени на површина од 893 хектари.
Инаку, утрово изби уште еден пожар после тунелите на железничката пруга Велес-Битола кај Богомила. Со брза интервенција на вработените во ЈП „ШС „Бабуна“ од Велес пожарот бил изгаснат околу 11:30 часот, информираат од Регионалниот центар за справување со кризи во Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток