Во велешко Нежилово започна Стрип училиштето за креативен стрип ангажман
Во организација на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес од вчера до 24 април во селото Нежилово, Велешко се одржува четиридневно Стрип училиште за креативен стрип ангажман.
Како што информира Ване Трајков, извршен директор на СЦМ-Велес, оваа активност е дел од проектот „Стрипот како креативна алатка во функција на граѓанскиот ангажман“.
Финансиер е Цивика Мобилитас -проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).
-Имено дванаесет млади цртачи од Скопје, Куманово, Струмица, Кратово, Битола и велешко Горно Оризари со помош на нивни водачи и тимот на СЦМ-Велес ќе работат на завршување на веќе подготвувани стрип дела. Истите се со теми: миграции, меѓуетнички односи, родови прашања, екологија и други теми во зависност од афинитетот и интересот на учесниците ,појаснува Трајков.
Тој информира дека целта на проектот е да се афирмира стрип уметноста како алатка за испраќање на општествени пораки преку креативен процес на поединци и институции.
-Согласно искуствата што спроведувачката организација ги има во имплементацијата на претходно изведени слични проекти, овојпат доста се внимаваше на талентот на избраните цртачи, како и времето на подготовка на темите и контурите на нацртаните стрип дела, коишто треба да се довршат за време на ова стрип училиште. Ќе се промовира и македонската и интернационалната стрип сцена, а ќе се организираат и тематски состаноци за вмрежување заради афирмирање и социјална примена на стрип културата во Македонија, потенцира Трајков.
Тој појаснува дека по завршувањето на ова училиште за стрип, од нацртаните дела ќе се издаде каталог, а потоа изложби во градовите во Македонија од каде што се учесниците.
Ново на Сител
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог