Во велешката касарна свечена заклетва на новa генерација професионални војници на служба во Армијата
Новите 198 професионални војници меѓу кои и 25 девојки кои поминаа преку ригорозен процес на селекција кој вклучува медицински и психофизички проверки, и се приклучуваат во редовите на Армијата денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ Велес без присуство на родители, пријатели и без медиумите дадоа свеченa заклетва.
На свеченоста присуствуваше заменик министерот за одбрана Башким Хасани, заменик началникот на генералштабот генерал-мајор Азим Нуредин, претставници од Кабинетот на претседателот и од министерството за одбрана и заменик командантот на Командата за обука и доктрини полковник Стојанче Тодоров.
Во своето обраќање заменик министерот за одбрана Башким Хасани посочи дека да се биде војник е посебна чест и гордост.
– Заклетвата е света должност и чин со кој се обврзуваат да го чуваат и бранат територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава и да му служат на народот. Нашата Армија е препознатлива по својата разноликост а тоа го потврдува фактот дека од година во година бројот на жени во Армијата се зголемува со што се покажува дека оваа професија не препознава пол,потенцира заменик министерот Хасани
На професионалните војници им се обрати и новиот командантот на Центарот за индивидуална обука ЦИО, потполковник Виктор Еркиќ.
Тој посочи дека по краткиот период за прилагодување започнува главниот предизвик, а тоа е совладување на основната борбена обука каде што целото свое знаење што ќе го стекнат овде ќе биде основа за понатамошен нивен развој како идни припадници на Армијата.
Тој информира дека во наредниот период со превземање на сите потребни превентивни мерки за заштита од Ковид-19 новопримените професионални војници дојдени од сите краеви на нашата држава ќе се соочат со совладување на предвидените содржини на основната борбена обука како и основната стручно специјалистичка обука.
– Храброста, патриотизмот, обученоста, чесноста и одважноста се препознаттливи и ценети за припадниците на Армијата. Стекнатите знаења и вложениот труд секако дека понатаму ќе бидат вреднувани и ќе бидат еден од елементите за сите оние кои ја избраа војничката професија како решение за својата иднина, потенцира потполковник Виктор Еркиќ, командант на ЦИО.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово