Македонија
9. January 2021 - 16:59

Во велешката болница од 1 јануари до денеска, иако минимално, сепак во пораст на бројот на пациенти со Ковид-19

 Во велешката Општа болница се хоспитализирани вкупно 38 пациенти, од кои, 28 се позитивни на Ковид 19 и 10 пациенти се со негативен тест, но, задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 16 пациенти, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

Јованова дополнува дека на Инфективното одделение има 37 пациенти, додека, интерно, еден пациент кој се лечи по прележан Ковид 19.

На 1 јануари оваа година, во велешката болница имаше 26 пациенти од кои 19 потврдени, два сомнителни и пет со негативен тест но задржани на болничко лекување. Тогаш, на кислородна поддршка имаше 10 пациенти, што е за шест пациенти помалку, споредено со денешниот ден, кога се вкупно 16 пациенти.