Во Велес се одржа планинскиот филмски фестивал „Ехо“

На сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ синоќа вторпат гостуваше Планинскиот филмски фестивал „Ехо“, кој во Скопје се организира од 2010 година.
Фестивалот „Ехо“ гостуваше во неколку градови во Македонија и проектираше документарни и долгометражни филмови за вљубениците во планините и планинските спортови.
Главен гостин на фестивалот беше балканскиот првак во планинско трчање Марјан Бонев, а своја презентација ќе има и Љупче Ѓорѓиев, алпинист од спортскиот планинарски клуб „Чеплес“, кој оваа година го освои врвот Аконкагва, Аргентина.
Претставување пред велешката публика ќе има и ЗГ „Велес бајкинг“ кои посетителите ќе ги информираат за своите досегашни активности, а ќе имаат и презентација по повод претстојниот трет велосипедски настан „АЗОТ 2017 МТБ“ што ќе се одржи на 27 и 28 мај во село Богомила, регион на АЗОТ.
Во Велес на програмата беа документарниот филм „Алек, Кољо, Бојан и Саша на Метерхорн“ - Македонија од 2016 на Горан Вучиќ, како и документарните филмови „Крис Бонингтон-живот и искачувања од Италија од 2015 на Виничио Стефанело и „Џоко и планината“ на триото Подлешанков, Каракаш и Видановски и „Јурек“ на Павел Визоцански од Полска.
Игор Талевски од организацискиот одбор на фестивалот „ЕХО“ искажа благодарност до општина Велес за поддршката на фестивалот.
- Целта на фестивалот „ЕХО“ првично беше да овозможиме да се дружиме сите вљубеници во планината и природата. Ќе се споделуваат искуства преку филмски записи и со искуства кои ќе ги презентираат наши колеги: планинари, скијачи, алпинисти и други спортисти, да најдат едно заедничко место на дружење и на споделување на своите искуства, појасни Талевски.
Тој истакна дека фестивалот „ЕХО“ се одржува веќе осма година во Скопје и по неколку години и во останатите градови во Македонија и доаде оти придонесува за интерес на граѓаните кон планинските спортови, не само алпинизмот и искачувањето на планините, туку и за планинскиот велосипедизам, планинското трчање и другите.
Талевски смета дека расте и бројот на спортисти кои се вклучуваат во овие спортови во земјава.
- Македонија има голема традиција за планински спорт. Ние имаме вакви клубови кои се формирани уште во 1920 година, меѓутоа поради разни политичко - економски причини овие планински спортови малку затаиле во минатото, оцени Талевски. Најави едукација на учениците од Македонија за планински спортови со цел поголем интерес на овие спортови кај младите.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
