Во Велес се намалува бројот на заболени од овчи сипаници
Според податоците на ЈЗУ Центар за јавно здравје, од почетокот на годинава до денес во Велес се регистрирани 26 заболени од овчи сипаници.
Епидемиологот д-р Билјана Трајкова изјави дека најголем дел од болните се претшколски и школски деца до 14 години, а има и возрасни кои во детството не ја прележале болеста, а сега се заразиле од своите деца.
Таа посочи дека болеста е циклична и се јавува помасовно на секои четрири до пет години, а последен пат згоголем број болни имало во 2012 година. Минатата година имало 871 заболени што е најголем број заболени во последниве десетина години.
- Ланскиот број на заболени се должи токму на тоа циклично јавување. По четири-пет години со минимален број на заболени, болеста повторно се јавува и ги зафаќа оние деца кои претходно не ја прележале болеста варичела, појасни Трајкова.
Според препораките на Министерството за здравство, екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје во изминатите денови извршиле дезинфекција на градинките и училиштата во Велес, а со цел созбивање на ширење на болеста овчи сипаници и на сезонскиот грип.
- Иако бројот на заболени од варичела и на сезонски грип е минимален во селата во велешко, сепак екипи на ЦЈЗ од Велес и таму неделава вршат превентивна дезинфекција на просториите во училиштата, додаде Трајкова.
Ново на Сител
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?
-
Измените на Кривичниот законик пред Уставен