-->
-->
Во Велес првото бебе е машко
-->
Во Одделението за гинкологија и акушерство во велешката ЈЗУ Општа болница, утрово во 10 часот и 16 минути, се роди машко бебе, прво во оваа година. Бебето е тешко 2.930 грама, а долго 49 сантиметри. Мајката е Сибил Кариманова, која се породи со царски рез. Од болницата информираат дека и мајката и бебето се добри.
Градоначалникот Аце Коцевски ги посети мајката и бебето и од Општина Велес им додели 12 илјади денари.
-Лани во велешката болница се родиле 505 бебиња. До пред десетина години кога се раѓаа и по илјада и повеќе ова е половина од тој број, што значи дека наталитетот опаѓа, велат од велешката болница.
Во оваа болница, освен од Велес и велешко се породуваат и жени од Свети Николе, Неготино, Лозови и други соседни општини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување