Во Велес одбележани 66 години од смртта на Панко Брашнаров
Со положување букети цвеќе пред споменикот на Панко Брашнаров во новиот дел на Велес делегација на Општина Велес, на Сојузот на борци и членови на семејството Брашнарови денеска ја одбележаа 66-годишнината од смртта на првиот претседавач на АСНОМ.
За револуционерниот пат на Панко Брашнаров, кој бил роден на 9 август 1883 година во Велес, пред присутните говореше историчарот Слободан Ников.
Тој беше народен учител, првиот претседавач на АСНОМ и потпретседател на првата повоена Македонска влада, кој во судир со Информирото беше испратен на островот Мермер кај Голи Оток во Хрватска каде и починал на 13 јули 1951 година, потсети Ников.
- Брашнаров беше еден од нашите дејци кои се бореа за слободна Македонија и при тоа ги дадоа и своите животи и затоа ние денеска да не дозволиме на никому да ја преправа нашата македонска историја и да гази по нашите македонски револуционери, затоа што ако тоа се случи ќе не снема како народ, како Македонци, порача Ников од Велес.
Милан Брашнаров, правнук на Панко Брашнаров, во изјава за МИА, информира дека и по шест години од покренување на иницијатавита за пренесување на посмртните останки на Панко Брашнаров од Хрватска во Македонија постапката се уште тапка во место.
- Комисијата работи бавно и ние од семејството немаме никаква информација до каде е таа постапка и кога конечно посмртните останки на нашиот Панко Брашнаров ќе бидат пренесени од градските гробишта „ Мирогој“ во Загреб во неговиот роден град Велес за да можеме барем свеќа да му запалиме на неговиот гроб, потенцира Милан Брашнаров.
Дека постапката на комисијата за есхумација на Панко Брашнаров е заглавена во лавиринтот на администрацијата потврди и градоначалникот Славчо Чадиев.
Споменикот на Панко Брашнаров е поставен во јули 2004 година и е дело на скулптпрот Петар Хаџи Бошков.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам