Во Велес изгоре куќа кај Црна Џамија
Во Велес синоќа изгоре куќа на улица „Коле Цветков“ бр:29, кај Црна Џамија. Во моментот на пожарот во куќата немало никој. Соседите ја исклучиле струјата, а брзо интервенирала и Противпожарната единица, со што не било дозволено пожарот да се прошири на соседните куќи.
Како што информира за МИА командирот на ППЕ од Велес, Љупчо Лепидовски пожарот бил пријавен во 21:50 минути, а бил изгаснат во 1:20 минути. Интервенирале 12 пожарникари со две возила на Пожарната и цистерна со вода на ЈКП „Дервен“, а на помош им дошле и колеги пожарникари од ППЕ од Свети Николе.
Според Лепидовски во пожарот целосно изгорела кровната конструкција и целиот мебел и инвентар, а и целата куќа е опожарена.
Полицијата изврши увид и работи на утврдување на причините за пожарот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ