Во УЈП Крива Паланка доставени 1.940 даночни пријави
До Даночното одделение на Управа за јавни приходи во Крива Паланка заклучно со 1 март годинава поднесени се вкупно 1.940 даночни пријави.
Координаторот на Даночното одделение, Сања Јакимовска, информира дека покрај веќе доставените 1.940 годишни даночни пријави, до истекот на рокот, 15 март, се очекува оваа бројка да биде речиси двојно поголема.
Лани до даночното одделение на УЈП Крива Паланка биле поднесени над 3.000 годишни даночни пријави.
До Управата за јавни приходи во овој период пристигнуваат голем број барања за консултации во врска со пополнувањето на даночната пријава. За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.
Годишна даночна пријава може да се поднесе во најблиската даночна канцеларија на УЈП или преку пошта. Исто така, пријавите се поднесуваат и преку Мобилните даночни шалтери на УЈП.
Ново на Сител
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Папата Франциск ја предводеше мисата на Бадник во Ватикан пред илјадници верници
-
Израелската истрага заклучи дека присуството на израелски војници најверојатно довело до убиство на шест заложници во Газа
-
Облачно, студено и ветровито со повремени локални врнежи од дожд и снег
-
Состојба на патишта
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076