Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
Во Собранието за денеска се закажани седници на пет комисии - Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно правната комисија.
Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе расправаат по предлог законите за изменување и дополнување на Законот за електронско управување и електронски услуги, на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, на Законот за генетски модифицирани организми, на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, на Законот за управување со отпад. Исто така и за предложените измени на Законот за заштита од бучава во животната средина, на Законот за животната средина, на Законот за водите, на Законот за управување со пакување и отпад од пакување и на Законот за заштита на природата, сите во второ читање.
Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика за рсправа е Предлог на законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, по скратена постапка, а на Комисијата за финансирање и буџет Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, по скратена постапка.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа по предлог законите за изменување на Законот за платите на судиите, на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, на Законот за платите на јавните обвинители, на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на Законот за пратениците, на Законот за управната инспекција и на Законот за инспекциски надзор, сите по скратена постапка.
Членовите на Законодавно правната комисија ќе дискутираат по Предлог на законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, предлог законите за изменување на Законот за платите на судиите, на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, на Законот за платите на јавните обвинители, на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на Законот за управната инспекција и на Законот за инспекциски надзор, како и по Предлог на законот за изменување на Законот за пратениците, сите по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата
-
Застанала и излегла од возилото кое го управувала, тоа се придвижило и ја прегазило
-
Приведени двајца малолетници од Сарај, кај нив пронајдени два ножа и боксирач
-
Иницијатива GoDigital: Зајакнување на 15 македонски компании на нивниот пат за дигитална трансформација
-
Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ
-
Излета возило од патот во Кичево – три лица повредени
-
12 полицајци од Арачиново и Гази Баба со измислени прекувремени земале бонус плати