Во Турција уапсени над 120 поранешни вработени во Министерството за надворешни работи
Турската полиција денеска уапси повеќе од 120 поранешни вработени во Министерството за надворешни работи ширум земјата поради нивните наводна поврзаност со Фетулах Ѓулен.
Турската новинска агенција Анадолија јави приведените претходно добиле отказ од Министерство за надворешни работи.
Единиците за борба против тероризмот спроведоа симултани акции во 30 провинции, за апсење на осомничените.
Дел од уапсените се товарат дека ја користеле „Бајлок“ апликацијата за испраќање на шифрирани пораки. Турските власти тврдат дека апликацијата ја користат членовите на мрежата на Ѓулен, кој Анкара го обвинува дека го организирал неуспешниот обид за воен удар во јули 2016 година.
Во Турција по обидот за пуч уапсени се над 50.000 луѓе, додака 150.000 се сменети или суспендирани од работното место во армијата, но и во јавниот и приватен сектор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец