Во Тирана пукано во автомобил во движење, убиени две лица

Две лица се убиени а едно е тешко рането синоќа околу 20 часот во Тирана, кога во возилото во кое се наоѓале било пукано до автоматска пушка „калашњиков“.
Според полицијата,во возилото марка „БМВ“ се наоѓале три лица. На самото место починале Аурора Оскиан и Кевин Ругова, додека со прострелна рана се здобил Елвис Гацај, кој е хоспитализиран и е вон житовна опасност.
Во моментот, кога сеуште непознати сторители, пукале во автомобилот, тој бил во движење. Со него упарвувал Елвис Гацај. Големи полициски сили веднаш дошле на самото место а на излезите од Тирана има полициски пунктови и се контролира секое возило кое минува.
Како што пишува онлајн изданието на весникот „Шекули“ повредениот Гацај бил со полициско досие. Еднаш бил осуден на 14 години затвор поради убиство на својот другар кого со нож го прободил во ногата. Бидејќи му ја оштетил артеријата, другар му починал. Уште еднаш е осудуван за ранување. Тој самиот преживеал атентат од експлозивна направа.
Мотивите полицијата не ги соопштува,но не се исклучува можноста тоа да е крвна одмазда врз Гацај, а двајцата млади се нашле на погрешно место и погрешно време.
Ново на Сител
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
