Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел

Земјите од Персискиот Залив објавија дека ноќеска и утринава Иран извел нови напади, еден ден откако Техеран ги повикаа Обединетите Арапски Емирати да ги евакуираат трите главни пристаништа, упатувајќи за првпат од почетокот на конфликтот закана кон имот што не е американски и за ширење на конфликтот во регионот на Блискиот Исток.
ИДФ утрово објави дека е лансиран нов бараж од ракети и беспилотни летала против Израел, а сирени се огласија во тие области.
Техеран ги обвини САД дека користат „ пристаништа и скривалишта“ во ОАЕ за да започнат напади врз островот Карг, каде што се наоѓа главниот нафтен терминал на Иран преку кој се наоѓа извозот на нафта, без да даде докази за тоа, објавуваат американските медиуми.
Обединетите Арапски Емирати објавија околу 4:30 часот утрово дека нивните противвоздушни системи реагираат на ракетни и напади со беспилотни летала од Иран.
Нападите следеа по пожарот што го зафати пристаништето Фудаира, каде што се наоѓа главниот терминал за извоз на нафта на источниот брег на земјата, по вчерашниот напад со беспилотни летала.
Министерството за одбрана на Саудиска Арабија утрово објави дека неговите противвоздушни системи пресретнале и уништиле 10 беспилотни летала над главниот град Ријад и источниот регион на кралството.
Истовремено, Бахреин објави дека ги вклучил сирените и ги повика жителите да се упатат кон најблиското засолниште.
Во текот на ноќта, САД им наредија на неоперативните владини претставници и членови на нивните семејства да го напуштат Оман од безбедносни причини.
Кувајт утрово објави дека Националната гарда соборила пет ирански беспилотни летала во претходните 24 часа.
Доцна синоќа, Катар објави ажуриран извештај за нападите со ракети и беспилотни летала што ги одби вчера, но не пријави никакви нови напади во текот на измината ноќ.
Израелската армија рано утрово објави дека Иран лансирал уште една салва од ракети кон Израел. Сирени се огласиле во Тел Авив и други области и се слушнале експлозии.
Израелската војска објави дека сирените ги предупредиле жителите во областите под напад и дека е активирана противвоздушна одбрана.
Во денешното соопштение, иранската Заедничка воена команда го обвини таканаречениот „непријател“ дека користи копии од иранските беспилотни летала за напад врз соседните земји со цел да го обвини Техеран, објавија иранските државни медиуми.Во соопштението се вели дека копии од иранските беспилотни летала Шахед-136, познати како LUCAS, биле користени за да се погодат „неважни цели во земјите во регионот“, вклучувајќи ги нападите врз Турција, Ирак и Кувајт. Тие не дадоа докази за ова.
Американските медиуми прецизираат дека Иран вообичаено го користи зборот „непријател“ кога се осврнува на САД и Израел.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
