Во тек операција на тајландските специјалци, напаѓачот се уште во трговскиот центар
Полицијата и војската упаднаа во тајландскиот трговски центар, каде се наоѓа војникот кој уби најмалку 20 лица.
Портпаролот на тајландското Министерство за одбрана соопшти дека безбедносните сили им помогнале на стотици лица да побегнат од објектот, но засега не е познато уште колку луѓе има во тој шопинг центарот во Корат. Портпаролот потврди дека напаѓачот сè уште е во трговскиот центар „Терминал 21“.
Напаѓачот, идентификуван како Јакрапант Тома, пукал по цивили во Корат, а потоа влегол во трговски центар каде зел како заложници 16 лица. Војникот, кој по ранг е помлад офицер, прво го убил својот надреден во воен кампус во провинцијата Након Ратчасима, по што украл воено возило Хамер, со кое се превезол до блискиот град Корат каде отворил оган кон цивилите.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени