Во тек е уредување на кејот на Каменичка Река со стилски пешачки патеки
Во општина Македонска Каменица започна поставувањето урбана опрема на двете страни од кејот на Каменичка Река. Според информациите на градоначалничката Соња Стаменкова, во текот на наредните денови ќе биде поставена дополнителна урбана опрема со цел разувабување на тој дел од градот.
-Врз основа на договорот за изведување бетонски работи и партерно уредување на општината, во тек се активности за изградба на повеќе пешачки патеки и дополнителна урбана опрема од двете страни од речното корито на Каменичка Река. Активноста ја спроведува компанија, која беше избрана како најповолен понудувач за реализација на активностите чија цел е поубав и поурбан изглед на нашиот град, вели Стаменкова.
Таа додава дека по завршувањето со изградба на пешачките патеки, градежните активности продолжуваат со поставување пешачка патека долж улицата пред црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и градскиот плоштад во Македонска Каменица. Со тоа, како што вели, ќе биде олеснето движењето на пешаците, а нивната безбедност ќе биде на повисоко ниво.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја