Ја уништи спонзорушата: Светот му се поклонува поради овој потег!
Пред да се обидете да уценувате некого, бидете апсолутно сигурни дека ќе ви успее и дека би можеле да добиете нешто од тоа, во спротивно ќе бидете на мета на речиси сите корисници на социјалните мрежи. Учете од грешката на чешката манекенка Катерина Провазникова.
Имено, Катерина се обидела да изнуди 2000 долари од легендарниот хокеар Јеромир Јагр кој моментално игра за Флорида Пантерс. Манекенката спиела со Јагр, а потоа не ја пропуштила приликата да направи „селфи“ додека хокеарот спие до неа. Таа му се заканила дека ќе ја објави „експлицитната“ фотографија од нив двајца доколку тој не ја исплати. Неговиот одговор бил: Не ме засега!
Според Дејли Експрес, чешкиот хокеар не е женет, ниту има девојка и не би му претставувало проблем доколку цел свет дознае со кого легнува навечер.
За да биде ситуацијата уште покомична, Провазникова е таа што е во врска. Нејзиното (поранешно?) момче, Доминик Рудл е исто така хокеар, кој пред неколку недели објави „селфи“ од нив двајца слично на нејзиното со Јагр.
Несреќната манекенка стана предмет за потсмев. Под тагот #JagrSelfie десетици луѓе почнаа да објавуваат селфи фотографии.
Ново на Сител
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укине целата помош за Украина
-
Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога
-
Мартинка на рака со верба за среќа
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово