Во техничкиот договор на Грција со кредиторите нема дополнителни мерки за штедење
Тоа што е исклучително позитивно за договорот на техничко ниво, постигнат во саботата меѓу грчката Влада и кредиторите, е дека првпат по многу години прегледот на грчката програма за спас заврши без ниту едно евро дополнителни мерки за штедење.
Ова во радио интервју го изјави портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос, кој додаде дека завршениот трет преглед на програмата за фискална консолидација го отвара патот за излегување на Грција од надзорот на кредиторите.
Ѕанакопулос ги критикуваше опозициските конзервативци од Нова демократија дека постојано зборувале за тоа дека Владата сакала да прифати и четврта програма, додавајќи дека „таква програма имало само во главата на нивниот партиски лидер Кирјакос Мицотакис“.
Грчкиот весник „Нафтемборики“ пишува дека по последниот трет преглед на програмата, Владата во Атина сега ги насочила напорите кон итен почеток на консултации за грчкиот долг и за тоа како земјата ќе се движи напред по 20 август 2018 година, кога истекува рокот на сегашната програма.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР