Свет
1. April 2018 - 14:01

Во судири во Синај загинаа два војници и шест екстремисти

Во судири во Синај загинаа осум лица, двајца египетски војници и шестмина исламски екстремисти, соопшти денеска египетската војска. Повредени се двајца египетски војници. 

Над 500 екстремисти и криминалци се уапсени во текот на изминатата недела, а околку 160 експлозивни направи се размонтирани, посочи египетската војска.

Египет почна голема офанзива против исламските екстремисти на Синај кон почеткот на февруари.