Во струшкото одделение на Агенцијата за земјоделство 21 апликација за повраток на средства за механизација
За повраток на финансиски средства за земјоделска механизација преку ИПАРД програмата, каде земјоделците добиваат повраток на средствата од 50 до 75 проценти во Подрачното одделение на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Струга аплицирале 21 земјоделец, информира денеска Слаѓана Кајаџиеска-Бебекоска, советник во Агенцијата.
Агенцијата, посочи таа, нуди разни програми за субвенционирање на земјоделците и ги запознава со условите за искористување на овие мерки и програми.
- Струшките земјоделци најмногу се интересираат за набавка на земјоделска механизација и опрема за која може да им бидат вратени 50 проценти од инвестираните средства, а во некои случаи дури до 75 проценти. На последнитот оглас преку струшката канцеларија на Агенцијата аплицирале 21 барател и во тек е одобрување на овие барања. На 11 од апликантите веќе им е одобрено, а очекуваме позитивно решение и за останатите бидејќи нивното барање е комплетно, изјави Кајаџиеска-Бебекоска.
Советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, како што истакна, им нудат помош за пополнување на барањата за аплицирање и исплата на финансиските средства од програмите што ги користат.
- Даваме совети и за соодветна и правилна примена на агротехника на земјоделските, полјоделските и фуражните култури и овоштарството за правилен избор на семенски материјали, ѓубрива употреба на пестицидите. На сточарите за правилна исхрана и чување на добитокот, соодветна хигиена и складирање на ѓубрето. Со цел заштита на околината од негативното влијание на штетинците, рече Кајаџиеска-Бебекоска.
За да биде поблиску до граѓаните, Агенцијата има и дисперзирана канцеларија во селото Драслаица, каде секој четврток одат совентици и им нудат помош на жителите од ова, но и од околните села.
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа помеѓу три возила на бул.„Илинден“, нема повредени
-
Институт за радиологија: Пациенти со итна патологија и потреба од КТ дијагностика пренасочувани кон други јавни здравствени установи
-
ФИНКИ го посвети 14. роденден на својот студент Спире Стоименов кој го загуби животот во трагедијата во Кочани
-
Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Му одзеде уште еден на Федерер
-
Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“
-
Сестрата на Фросина: „Кој е следен”, која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси
-
Митовски: По хаваријата во „Тораница“ 10 пати зголемена концентрација на олово во Крива Река, бараме кривична одговорност
-
Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство