Македонија
24. March 2019 - 16:36

Во Струмица Литија во чест на споменот на чудотворната икона на Богородица Скоропослушничка

Струмица го одбележа споменот на пристигнувањето на чудотворната икона на Богородица Скоропослушничка. Иконата  пред две години беше донесена како подарок подарок од братството на манастирот Дохијар на Света Гора.

Одбележувањето започна вчера со свечени литургии и литија која тргна од црквата Свети 15 Тивериополски свештено маченици па се до црквата црквата „Свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј“, каде беше оставена за поклонение на верниот народ, а продолжи денеска низ центарот на градот.

На градскиот плоштад пред вениците се одржа молитвословие, а многубројниот народ го поздрави викарниот епископ Плјански господин Јаков.

Во литијата се вклучија стотици верници кои дојдоа да и се поклонат на иконата на мајката Божја. Освен од Струмица и регионот верници пристигнаа и од другите градови на државата.

Чудотворната икона на Пресвета Богородица Скоропослушница е копија на оригиналот кој се чува во светата обител на Светите Архангели, односно манастирот Дохијар на Света Гора.

Во светот има сам пет копии од оваа икона, една од нив е иконата во Струмица