Во Србија потврден првиот случај на сезонски грип
На територијата на Србија е потврден првиот случај на грип во сезоната 2021/2022, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.
Во соопштението се прецизира дека Батут на 15 декември во попладневните часови добил потврда од Националната референтна лабораторија за грип и други респираторни вируси на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, за првиот случај на инфекција со вирусот на грип от типот А (Х3) во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
Батут посочува дека, како и во повеќето претходни сезони на надзор на грипот, лабораториската потврда на вирусот во овој период од годината е очекувана.
Во соопштението се потсетува дека минатата сезона 2020/2021 година немало лабораториска потврда за инфекција со вирусот на грип.
Од таму посочуваат дека најефикасна мерка за спречување на инфекција со вирусот на грип е вакцинацијата, како и да вакцината против грип е најбезбедна форма на индивидуална и колективна заштита.
Ново на Сител
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас