Балкан
14. April 2021 - 19:00

Во Србија почна производството на Спутник вакцината

Најнова вест која тукушто ја објавија српските медиуми е дека попладнево почнало производството на руската вакцина Спутник во Србија на Институтот Торлак.
 
Во иднина ќе може да се извезува во земјите од регионот, објави рускиот фонд за директни инвестиции, пренесуваат белградските медиуми.
 
Со ова Србија стана првата земја во Јужна Европа што произведува Спутник V. Производството во Србија е во согласност со најстрогите стандарди, објавија од рускиот фонд за директни инвестиции кој е единствено надлежен во делот на вакцините.