Во Србија ќе се формира регионално воздухопловно тело
Потпретседателката на српската Влада, Зорана Михајловиќ денеска на Регионалната конференција во Белград најави формирање на регионално тело за трагање и спасување во воздухопловството.
На двоневниот собир на кој присуствуваат претставници на 14 воздухопловни власти од земјите од регионот, Михајловиќ предложи да се формира такво тело и изрази оптимизам дека ќе биде постигнат договор со оглед на тоа што во светот годишно голем број луѓе страдаат во авионски несреќи.
Регионалното тело ќе биде основа за склучување на билатерални договори меѓу земјите во областа на трагањето и спасувањето.
На конференцијата учсетвуваат претставници на Србија, Македонија, Албанија, Австрија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Унгарија, Исланд, Црна Гора, Романија, Словачка и на Словенија.
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран