-->
-->
Во Србија 227 новозаразени, починале уште две лица
-->
Во последните 24 часа во Србија се потврдени 227 нови случаи на коронавирус, починале уште две лица, а направени се 5.456 тестови.Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 22 пациенти се на респиратори.
Ова е четврти ден по ред со повеќе од 200 новозаразени лица.
Вчерашниот број од 265 нови случаи на заразени беше рекорден број во Србија од почетокот на третиот бран на епидемијата.
Поради влошената епидемиолошка слика во Србија, Кризниот штаб вчера одлучи да им забрани на локалните самоуправи да издаваат дозволи за организирање настани, Белградската арена од понеделник повторно ќе стане ковид болница, а услужните објекти се должни да имаат одговорно лице за спроведување на мерките во рамките на објектот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
