Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
Со носење на Витлеемската ѕвезда и пеење на песната Вечниот Бог, дечињата денеска на плоштадот во Скопје го најавија Христовото раѓање. Со насмевки на лицата во бадниковата поворка, тие ги симболизираа ангелите кои ја носат радосната вест за раѓањето на Исус Христос.
Стотици дечиња, од најмала возраст но и оние поголемите, од различни општини и градови ја почнаа поворката од Музејот на град Скопје до плоштадот Македонија.
Некои прв пат учествуваат во поворката, други се редовни неколку години. Доаѓаат да ја одбележат традицијата, да го навестат Христовото раѓање. Се подготвувале, ја учеле песничката, а пред нашата камера ни кажаа и како ги одбележуваат Бадник и Божиќ.
Организаторите на настанот велат се среќни што има дошле толкав број дечиња кои ја негуваат верата и традицијата.
Но не само во Скопје, во речиси сите градови имаше бадникови поворки. Во Струмица учествувале над 300 дечиња.
15 година по ред во Охрид се одржува Бадниковата поворка.
Во Прилеп стотици дечиња се собраа да ја најават веста за Христовото раѓање .
Како симбол на надеж, заедништво и солидарност, за најмладите традиционално и годинава се организираше во Штип.
Покрај македонските градови, Бадникови поворки се организираа и во Италија, Австрија, Франција, Словенија и во неколку градови во САД.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
